ОБУКА ЗА ОБУЧУВАЧИ за Роми кои учат/студираат медицина

јуни 21, 2011

RRC logo 1

Ромски Ресурсен Центар

објавува

Повик за аплицирање за

ОБУКА ЗА ОБУЧУВАЧИ

за Роми кои учат/студираат медицина

Ромскиот Ресурсен Центар објавува повик за избор на учесници за Обука за обучувачи на Роми кои учат и студираат медицина, во рамки на проектот „Градење на капацитети на Роми студенти на медицина“. Проектот е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено Општество од Будимпешта.

Целта на проектот е обука на прва генерација Роми обучувачи – врсници на теми од областа од здравството, зајакнување на нивните капацитети за фацилитирање. Обуката е дизајнирана со цел учесниците да се стекнат со потребните вештини за планирање, подготовка, испорачување на обука/работилница и подготовка на извештај од обука.

Обуката ќе се оддржи во две фази, во периодот од 07 до 17 јули.

Право на пријавување имаат кандидатите кои:

  • Се од Ромска етничка припадност;
  • Се ученици во средно медицинско образование, студенти/дипломирани или запишани на последипломски студии на Медицински факултет.

Предност ќе имаа кандидатите, кои:

  • Учествувале на Летниот камп за застапување имплементиран во 2010 година, во рамки на РХСП програмата, компонента за Застапување;
  • Се ученици во 4та година средно медицинско образование, студенти/дипломирани или запишани на после-дипломски студии на Медицински факултет;
  • Имаат искуство или волонтирале во невладини организации.

Потребни документи за пријавување:

Краен рок за пријавување:

Потребните документи за пријавување за учество на обуките треба да бидат доставени најдоцна до 30.06.2010 год. по електронски пат на е-маил адреса: info@rrc.org.mk или по пошта на адреса: Архимедова бб (реон 60), 1000 Скопје, со назнака: За конкурсот за Роми обучувачи кои учат медицина.

Првично селектираните кандидати ќе бидат информирани најдоцна до 4 јули 2011, при што дополнително ќе бидат повикани на интервју/проценка на индивидуалните потреби и капацитети.

По спроведената проценка, ќе се изврши финална селекција на 15 учесници.

Ромскиот Ресурсен Центар (РРЦ) е невладина и непрофитна организација која што се стреми кон обезбедување на непречена поддршка за одржлив развој на младите, граѓанското општество, бизнис заедницата и локалната самоуправа. Организацијата придонесува за развојот на локалната заедница и граѓанското општество преку имплементација на професионални обуки, консултации и програми за развој и застапување. Членовите на РРЦ учествуваа во повеќегодишната програма за градење на капацитетите на Роми обучувачи, имплементирана од страна на Фондацијата отворено општество – Македонија, која што овозможи и подршка за инситуционализацијата на РРЦ преку техничка помош за основање и финансиско покривање на канцелариски и режиски трошоц
Апликацијата симнете ја ОВДЕ

Конкурс за медицински стипендии за Роми за академска/учебна 2011/2012 година

април 5, 2011

Конкурс за медицински стипендии за Роми за академска/учебна 2011/2012 година

Ромскиот образовен фонд/Програма за стипендирање (РЕФ/ПС) во рамките на Програмата за медицински стипендии за Роми/Roma Health Scholarship Program (RHSP) по втор пат го објавува конкурсот за доделување медицински стипендии за Роми кои се ученици/студенти на средно стручните медицински училишта/медицински факултети во Република Македонија, со цел да се зголеми бројот на Роми со завршено медицинско образование кои ќе придонесат за унапредување  на пристапот до здравствените услуги за Ромите. Финансиските средства за програмата се обезбедени од Ромскиот Едукативен Фонд (РЕФ) и програмата за Ромско здравје на Институт отворено општество (ИОО), од Будимпешта. Програмата содржи 4 компоненти: стипендирање, менторство, застапување и медиуми.

Право на конкурирање за стипендија имаат кандидати кои:

• се запишани како редовни студенти/ученици на признати универзитети/училишта во РМ во академската/учебната 2011-2012 год.

• се на додипломски, магистерски или докторски студии

• се државјани на Република Македонија

• исто така може да се пријават и средношколци кои учат во средните медицински училишта во учебната 2011/2012 година.

Забелешка: Во рамки на Програмата ќе бидат разгледувани апликациите само на оние кандидати кои ги исполнуваат критериумите за конкурирање во програмата, кои испратиле целосно потполнета пријава и ги почитувале крајните рокови посочени во упатството за конкурирање.

Изборната комисија на РХСП ќе доделува стипендии врз основа на конкуренција на оние кандидати чии што пакети со пријави имаат највисока квалитативна вредност, кандидати кои имаат висок академски успех, кандидати кои се општествено ангажирани, имаат квалитетни препораки, како и врз основа на препораките на комисија.

Рокот за електронското (on line) пријавување за стипендии е до 30 MAJ  2011.

Ве молиме имајте предвид дека, од оваа година, сите заинтересирани кандидати од Македонија ќе можат да аплицираат исклучиво  по електронски пат (on-line): Електронската пријава и детални инфорамции за потребните документи, за процесот на пријавување и селекција, критериуми, и др. можете да ги најдете на веб страната: http://www.romaeducationfund.hu/how-apply-scholarship-macedonian

Подетални информации и објаснувања поврзани за конкурсот медицински стипендии на Роми можете да добиете во ФИООМ,

лице за контакт Ајсел Мемет, тел: 02 2444 488 моб. 071/232-861

е-mail: ajsel.memet@soros.org.mk


Најлесен начин да ги поправите вашите оштетени заби

февруари 16, 2011

Стоматолошки мостови и коронки

Со коронките и мостовите нема потреба да се грижите за забите кои недостасуваат или да се грижите за понатамошно кршење на веќе оштетените заби. Коронките и мостовите долго време се користат и се докажани методи за враќање на функционалноста и изгледот на вашите заби, затоа што се користат најсовремените техники за подобрување и олеснување на процедурите и векот на траење. Коронките што се користат за да го сопрат забот од пукање, може да бидат направени од порцелан, метал, или комбинација од двете. Во оваа постапка, ние го обликуваме забот, а потоа ја зацврстуваме направената коронка, којашто е направена да трае подолго време, дури и доживотно.

Мостот се користи за да го замени забите кои недостасуваат. Изработен од метал, порцелан, или комбинација од двете, мостот го покрива просторот на кој недостасува заб, со користење на околните природни заби или импланти. Најпрво се се стружат забите носачи на мостот, и се става привремен мост за да се покријат тие заби. Кога мостот ќе биде подготвен, се цементира на местото на привремениот мост. Забите на мостот можат да бидат направени така да одговараат на бојата на природните заби и да изгледаат исто како да израснале од нашите непца.

Повеќе за:

Стоматолошки Мостови

Мостот заменува еден или повеќе заби кои недостасуваат и ја враќа нивната функционалност. Забите до празнините ќе се вклопат, со што ќе се промени начинот на кој се спојуваат долната и горната вилица за време на џвакањето, што ќе доведе до распаѓање и болест на венците.

Да се постави мост, се создаваат коронки или импланти од двете страни на празнината, со што се овозможува поддршка на мостот и се вметнува лажен заб помеѓу коронките. Мостовите имаат долг животен век, при што помагаат во заштитата на вашите постоечки заби, и ја враќаат назад вашата насмевка.

Комплетни порцелански мостови

Со најновите современи материјали и техники, целосно порцеланските мостови се почесто се изработуваат. Не само што се доволно силни за да бидат поставени насекаде во устата, туку тие го имаат истиот изглед како вистинските заби, враќајќи го природниот изглед на вашата насмевка.

Порцелански на метални мостови

Ваквите мостови се издржливи и претставуваат најпопуларен избор за стоматолошка реставрација.
ЛЕГУРА – Се изработуваат на основа од благородни метали, врз која потоа се врзува порцеланот. Тие можат да издржат значителен притисок при џвакање и често се користат во моларните региони.

Стоматолошка мост процедура:

Стоматологот најпрво ќе направи темелен преглед на вашата уста и заедно со вас ќе ја одреди најдобрата процедура, по што се извршуваат следниве чекори:

- Препарација (стружење) на забите
- Земање на отпечаток
- Изработка и поставување привремен мост
- Проба на мостот во метал и пред глазура на порцеланот при што се вршат
прилагодувања за совршено вклопување и функционалност
- Ставање на готовиот мост

Една недела е доволно за изработка на мостот, при што ќе имате најмалку две закажувања.

Стоматолошки коронки

Ако имате заб кој е скршен, расипан или оштетен, коронката би можела да биде најдобар начин за обнова на истиот. Исто така позната како навлака, таа се поставува врз претходно препарираниот заб за да го зајакне и да му даде облик на вистинскиот заб. Коронките, исто така, може да се користат за преобликување и прераспоредување на неправилно поставени заби, а може да го подобрат и изгледот на забите потемнети од пломби.
Во одредени случаи може да биде потребно да се стави и колче во забот, кое го прави препарираиниот заб поиздржлив. Колчето се става директно во коренскиот канал, а потоа се препарира како обичен заб и врз така подготвеното забно трупче се поставува коронката.
Целосно порцеланска коронка

Овие коронки имаат иста боја и провидност како природните заби, и може да се постават насекаде во устата.

Порцелан на метални коронки

Исто така уште еден сигурен избор е порцелан фузиран кон метал коронка.

Стоматолошка процедура за коронки
По деталниот преглед и консултации, третманот за стоматолошката коронка се одвива во следните чекори:

- Препарација (стружење) на забите

- Земање на отпечаток
- Проба на коронката и нејзино прилагодување за совршено вклопување и функционалност
- Ставање на готовата коронка

јануари 10, 2011

Happy New Year 2011


еве еден клип кој верувам дека ке ви биде интересен :)

ноември 29, 2010

http://www.youtube.com/verify_age?next_url=http://www.youtube.com/watch%3Fv%3DWLLPXe7oqqM