Аргентински доктори од жена извадиле тумор тежок 23 килограми
август 29, 2010
| Доктори од аргентинската болница Гандулфо од матката на 54 годишна жена извадиле тумор тежок 23 килограми. |
| Специјалист од гениколошката хирургија во болницата кажал дека една и половина година жената чувствувала како нешто и расте во подрачјето на стомакот. Таа во операциона сала влегла со 140 килограми, додека по операцијата била за 35 килограми полесна.Најголемиот малиген тумор на светот
‘Никогаш не сум имал сличен случај’, изјавил координативниот хирург во болницата Гандолфо Оскар Лопез. Операцијата траела четири часа. ‘Го отстранивме туморот со тежина на четири годишно дете’, рекол Лопез. Докторите веруваат дека станува збор за најголемиот малиген тумор на светот. ‘Никогаш не сум имал сличен случај’, изјавил координативниот хирург во болницата Гандолфо Оскар Лопез. Операцијата траела четири часа. ‘Го отстранивме туморот со тежина на четири годишно дете’, рекол Лопез. Докторите веруваат дека станува збор за најголемиот малиген тумор на светот.
|
Izvor.Tocka.com.mk
Jавен повик за аплицирање
август 27, 2010Проследете ја информацијата до сите заинтересирани идни матуранти!
Поздрав,
Фата
________________________________________________________________________________________
Во Август 2010 година, Центарот за Институционален развој – ЦИРа, Скопје започна со имплементација на проектот „Подготовка на средношколци – Роми за запишување на медицинските факултети во Република Македонија“, финансиски поддржан од Ромскиот Едукативен Фонд (РЕФ) и Институтот Отворено Општество (ИОО) Будимпешта, во рамки на Програмата за медицински стипендии за Роми кои се запишани на државните и акредитирани медицински училишта/факултети во Р. Македонија.
Главната цел на проектот е да се зголеми бројот на студенти од Ромска националност на медицинските факултети со што ќе се придонесе кон развој на професионален медицински кадар помеѓу Ромската популација и унапредување на пристапот до здравствените услуги за Ромите.
Активностите на проектот ќе се одвиваат во Скопје, Тетово и Битола, каде учениците на последната IV (четврта) година од средното образование од наведените и од блиските до нив општини ќе присуствуваат на подготвителни курсеви за полагање на државна матура и запишување на медицинските факултети во државата. Покрај ова средношколците ке учествуваат на работилници за мотивација, самодоверба и справување со стрес, односно за стекнување на вештини кои ќе им користат во идната академска средина.
За таа цел, ЦИРа ги повикува сите заинтересирани средношколци, ученици на последната IV (четврта) година од средното образование, од Ромската етничка заедница кои сакаат да се запишат на медицински факултет да се пријават за учество во подготвителните курсеви кои ќе се организираат во периодот Октомври 2010 – Мај 2011.
Крајниот рок за поднесување на документите за пријавување на подготвителните курсеви е
24 Септември 2010 година (петок) најдоцна до 17.00 часот!
Во прилог ги доставуваме следните документи:
- One pager
- Јавен повик за пријавување на кандидати за учество во подготвителни курсеви за запишување на медицинските факултети во Република Македонија
- Формулар за аплицирање
За сите дополнителни информации во врска со проектот, ве молиме да ја контактирате канцеларијата на ЦИРа. Адреса: Диме Аницин 9, 1000 Скопје; Тел: + 389 2 3114855; Факс: + 389 2314132; Email: cira@cira.org.mk; Web страница: www.cira.org.mk
Posted by





