Конкурс за медицински стипендии за Роми за академска/учебна 2011/2012 година

Конкурс за медицински стипендии за Роми за академска/учебна 2011/2012 година

Ромскиот образовен фонд/Програма за стипендирање (РЕФ/ПС) во рамките на Програмата за медицински стипендии за Роми/Roma Health Scholarship Program (RHSP) по втор пат го објавува конкурсот за доделување медицински стипендии за Роми кои се ученици/студенти на средно стручните медицински училишта/медицински факултети во Република Македонија, со цел да се зголеми бројот на Роми со завршено медицинско образование кои ќе придонесат за унапредување  на пристапот до здравствените услуги за Ромите. Финансиските средства за програмата се обезбедени од Ромскиот Едукативен Фонд (РЕФ) и програмата за Ромско здравје на Институт отворено општество (ИОО), од Будимпешта. Програмата содржи 4 компоненти: стипендирање, менторство, застапување и медиуми.

Право на конкурирање за стипендија имаат кандидати кои:

• се запишани како редовни студенти/ученици на признати универзитети/училишта во РМ во академската/учебната 2011-2012 год.

• се на додипломски, магистерски или докторски студии

• се државјани на Република Македонија

• исто така може да се пријават и средношколци кои учат во средните медицински училишта во учебната 2011/2012 година.

Забелешка: Во рамки на Програмата ќе бидат разгледувани апликациите само на оние кандидати кои ги исполнуваат критериумите за конкурирање во програмата, кои испратиле целосно потполнета пријава и ги почитувале крајните рокови посочени во упатството за конкурирање.

Изборната комисија на РХСП ќе доделува стипендии врз основа на конкуренција на оние кандидати чии што пакети со пријави имаат највисока квалитативна вредност, кандидати кои имаат висок академски успех, кандидати кои се општествено ангажирани, имаат квалитетни препораки, како и врз основа на препораките на комисија.

Рокот за електронското (on line) пријавување за стипендии е до 30 MAJ  2011.

Ве молиме имајте предвид дека, од оваа година, сите заинтересирани кандидати од Македонија ќе можат да аплицираат исклучиво  по електронски пат (on-line): Електронската пријава и детални инфорамции за потребните документи, за процесот на пријавување и селекција, критериуми, и др. можете да ги најдете на веб страната: http://www.romaeducationfund.hu/how-apply-scholarship-macedonian

Подетални информации и објаснувања поврзани за конкурсот медицински стипендии на Роми можете да добиете во ФИООМ,

лице за контакт Ајсел Мемет, тел: 02 2444 488 моб. 071/232-861

е-mail: ajsel.memet@soros.org.mk



Напишете коментар